Добредојдовте

OpenOffice.org 2.4 Прочитај ме

За најнови ажурирања на оваа датотека „прочитај ме“, погледајте на http://www.openoffice.org/welcome/readme.html

Почитувани корисници!

Оваа датотека содржи важни информации за програмава. Прочитајте ги многу внимателно пред да започнете со работа.

Заедницата на ОпенОфис.орг (OpenOffice.org), којашто е задолжена за развојот на овој производ, би сакала да ве покани да учествувате во неа како член. Како нов корисник, Ви препорачуваме да ја погледнете веб-страница за OpenOffice.org, која ви нуди корисни информации, на адресата

http://www.openoffice.org/about_us/introduction.html

Исто така прочитајте ги деловите на текстов наведени подолу за начините како да се вклучите во проектот ОпенОфис.орг.

Дали навистина OpenOffice.org е слободен за секој корисник?

OpenOffice.org е слободен за користење за секој (ова ги вклучува владина, бизнис, образовна и приватна употреба). За понатамошни детали видете го текстот на лиценцата која доаѓа со OpenOffice.org или http://www.openoffice.org/license.html .

Забелешки за инсталацијата

Системски побарувања:

Проблеми за време на стартувањето на програмата

Ако имате проблеми при пуштање на OpenOffice.org (особено додека користите Гном), „поништете“ ја променливата на околина SESSION_MANAGER во школката што ја користите за пуштање на OpenOffice.org. Ова може да се направи преку додавање на линијата „unset SESSION_MANAGER“ на почетокот на скриптата за школка soffice во папката „[папка_на_офис]/program“.

Проблеми при стартување на OpenOffice.org (пр. заглавување на апликацијата) како и проблеми со приказот на екранот, често се предизвикани од драјверот на графичката картичка. Ако се случуваат овие проблеми, ве молиме ажурирајте го драјверот за графичката карта или пробајте да го користите драјверот што доаѓа со вашиот оперативен систем. Тешкотии во прикажување на 3Д објекти можат често да се решат со деактивирање на опцијата "Користи OpenGL" во 'Алатки - Опции - OpenOffice.org - Приказ - 3Д преглед'.

Забележете дека копирањето и вметнувањето преку таблата со исечоци на OpenOffice.org 1.x и 2.4 може да не работи во форматот ОпенОфис.орг. Ако се случи тоа, изберете „Уреди - Вметни специјално“ и изберете формат поинаков од OpenOffice.org или отворете го документот директно во OpenOffice.org 2.4.

Обезбедете доволно слободна меморија во привремената папка на вашиот систем и обезбедете доделени права за пристап за читање, запишување и извршување. Затворете ги сите програми пред да започнете со инсталацијата.

Кратенки на тастатура

Како кратенки на тастатура (комбинации на копчиња) во OpenOffice.org може да се користат само оние што не ги користи оперативниот систем. Ако комбинацијата на тастери во OpenOffice.org не работи како што е опишано во помошта, проверете дали таа кратенка не е веќе во употреба од оперативниот систем. За разрешување на такви конфликти, може да ги промените тастерите доделени од вашиот оперативен систем. Или, може да ги промените скоро сите комбинации на распоредот на тастери во OpenOffice.org. За повеќе информации на оваа тема, видете ја помошта на OpenOffice.org или помошта на вашиот оперативен систем.

Заклучување на датотеки

Во стандардната конфигурација на OpenOffice.org, заклучувањето на датотеки е активирано. За да се деактивира, поставете ги соодветните променливи на околина SAL_ENABLE_FILE_LOCKING=0 и направете export SAL_ENABLE_FILE_LOCKING. Овие елементи се веќе во активирана форма во скриптата soffice.

Предупредување: Активираната можност за заклучување на датотеки може да предизвика проблеми кога Соларис 2.5.1 и 2.7 се користат заедно со Линукс NFS 2.0. Ако ги има вашата системска околина овие параметри, Ви препорачуваме да избегнувате користење на заклучувањето на датотеки. Во спротивно, OpenOffice.org ќе заглавува кога на компјутер со Линукс ќе се обидете да отворите датотека од папка на NFS-партиција.

Регистрација

Одвојте малку време за да го извршите минималниот процес на регистрација на производот кога ќе го инсталирате софтверот. Иако регистрацијата не е задолжителна, ве поттикнуваме да се регистрирате, бидејќи така добиените информации овозможуваат заедницата да направи уште подобар софтверски пакет и директно да обрне внимание на потребите на корисниците. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци. Доколку пропуштивте да се регистрирате при инсталирањето, може да се вратите и да се регистрирате во кое било време на http://www.openoffice.org/welcome/registration20.html

Анкета за корисниците

На Интернет е поставена и анкета за корисниците, која ја препорачуваме да ја пополните. Оваа анкета ќе ни помогне ОпенОфис.орг побргу да се движи во насока на поставување нови стандарди за создавање на следната генерација на канцелариски софтвер. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци.

Поддршка за корисници

За помош во врска со канцеларискиот пакет OpenOffice.org 2.4, погледнете ги архивите за да ги најдете веќе одговорените прашања на поштенската листа „users@openoffice.org“ на адресата http://www.openoffice.org/mail_list.html. Алтернативно, може да ги пратите вашите прашања на users@openoffice.org. Не пропуштајте да се запишете на поштенската листа за да добиете одговор по е-пошта.

Исто така, погледнете го одделот за ЧПП на http://user-faq.openoffice.org/.

Пријавете бубачки и проблеми

Веб-страницата на ОпенОфис.орг го содржи IssueZilla, нашиот механизам за известување, следење и решавање на бубачки и проблеми. Ги поттикнуваме сите корисници без задршка да ги пријавуваат сите проблеми што се појавуваат на вашата специфична платформа. Енергичното известување за проблемите е една од најважните придобивки од заедницата на корисници, коешто придонесува за развојот и подобрувањето на програмскиот пакет.

Како да се вклучите

Заедницата на ОпенОфис.орг ќе има голема полза од вашето активно учество во развојот на овој важен проект со отворен код.

Како корисник, вие сте веќе важен дел од процесот на развој на пакетот и би сакале да ве поттикнеме да преземете уште поактивна улога со намера да станете долгорочен активен член на заедницата. Ве молиме да ни се придружите и да ја посетите нашата страница за корисници на адресата: http://mk.openoffice.org

Како да се започне

Најдобар начин за да започнете со придонесување е да се приклучите на една или на повеќе поштенски листи, извесен период да ги следите разговорите и постепено да ги користите архивите на е-пошта за да се запознаете со многуте теми што биле дискутирани од објавувањето на изворниот код на OpenOffice.org во октомври 2000 г. Кога ќе почнете да се чувствувате удобно, се што треба да направите е да пратите е-порака со која ќе се претставите и да се придружите на дискусиите. Ако сте запознаени со проекти со отворен код, погледнете ги листите на идни задачи за да видите дали може да помогнете во нешто. Тие се наоѓаат на http://development.openoffice.org/todo.html.

Пријавување на поштенски листи

Овде се наоѓаат неколку поштенски листи, поврзани со проектот, на кои може да се пријавите http://www.openoffice.org/mail_list.html

Придружете се на еден или повеќе проекти

Може да дадете голем придонес за овој важен проект со отворен код дури и ако вашите искуства од дизајн на софтвер или програмирање се ограничени. Да, вие!

На http://projects.openoffice.org/index.html ќе најдете низа на проекти, од Локализација, Пренесување и Групна соработка, до некои вистински проекти за програмирање на јадрото. Ако не развивате софтвер, може да ви одговараат проектите Документација или Маркетинг. Проектот за маркетинг на ОпенОфис.орг применува и герилски и традиционални комерцијални техники за маркетинг на софтвер со отворен код, и тоа со надминување на јазичните и културните бариери, така што може да помогнете и само со ширење на пораката и кажување на пријател/и за овој канцелариски пакет.

Може да помогнете со тоа што ќе се придружите на Мрежата за маркетиншки комуникации и информации преку http://marketing.openoffice.org/contacts.html, каде што може да обезбедите точки за контакт со печатот, медиумите, владини агенции, консултанти, училишта, групи со корисници на Линукс и со развивачи на софтвер во вашата земја и локалната заедница.

Се надеваме дека ќе уживате во работата со новиот OpenOffice.org 2.4 и дека ќе ни се придружите на Интернет.

Заедница на OpenOffice.org

Користен / модифициран изворен код

Делови од кодот се со авторски права на Џејмс Кларк, регистрирани 1988, 1999 г. и на корпорацијата Netscape Communications, регистрирани 1996, 1998.